Маск сака да укине 10% од работните места во Teslа

- Advertisement -

Извршниот директор на Teslа, Илон Маск, „се чувствува лошо“ поради економијата во САД и сака да укине околу 10% од работните места во компанијата за производство на електрични автомобили.

Мејлот беше испратен два дена откако најбогатиот човек во светот изјави дека вработените во неговите компании мора да се вратат на работните места или да ја напуштат компанијата.

- Advertisement -

Според официјалните информации, на крајот на 2021 година Tesla имала околу 100.000 вработени.

Маск пред неколку дена им рече на вработените да се вратат на работните места или да ја напуштат компанијата, што е барање кое веќе го одбија некои вработени во Германија, каде што компанијата има нова фабрика.

- Advertisement -

„Секој во Teslа мора да помине најмалку 40 часа неделно во канцеларија. Ако не се појавите, ќе претпоставиме дека сте дале отказ“ напиша Маск во мејлот.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -