Нивото на јаглерод диоксидот достигна нов рекорд во мај

- Advertisement -

Количината на јаглерод диоксидот во атмосферата кој ја загрева планетата достигна нов рекорд – над 50% повеќе отколку во прединдустриската доба, предупреудваат од Националната океанографска и атмосферска администрација на САД (NOAA).

Од организацијата додаваат дека овие нивоа не се забележани со милиони години. NOAA откри дека во станицата во Мауа Лоа на Хаваи се забележани просечно 421 делови на милион во мај 2022 година. За споредба, пред Индустриската револуција во 19. век нивоата на јаглерод диоксид биле 280 делови на милион.

- Advertisement -

И покрај напорите да се намали емисијата на стакленични гасови, изгледа дека таа се зголемува. Тоа е алармантно затоа што ако продолжи да расте, ќе придонесе за се почеста појава на поплави, поголема екстремна горештина, суши, шумски пожари итн. На пример, годинава нивото на СО2 е за 1.9 ppm повеќе отколку лани. .

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -