Робот дадилка ќе се грижи за човечки ембриони во вештачка матка

- Advertisement -

Научници од Кина создадоа роботски систем со вештачка интелигенција кој ќе се грижи за човечки ембриони во вештачки матки, пишува The Independent.

Кога ќе помислиме на луѓе контролирани од вештачка интелигенција во вештачки матки тоа не асоцира на некоја научно-фантастична иднина од филмот Matrix’. Сепак, истражувачите кои стојат позади овој проект веруваат дека новиот систем ќе помогне да се поттикне наталитетот во Кина. Земјата моментално има најниска стапка на прираст во последните шест децении.

- Advertisement -

Тимот од Институтот за биомедицински инженеринг и технологија Сужу го дизајнирале роботот за постојано да ги надгледува и да се грижи за човечките ембриони така што ќе им ја прилагодува исхраната, јаглерод диоксидот и другите битни фактори за вештачките ембриони. Тие тврдат дека новата матка е побезбеден и поефикасен метод за одгледување ембриони отколку природната матка.

Тие ја објавија својата студија во весникот Journal of Biomedical Engineering и објаснија како ќе ги рангираат ембрионите врз основа на нивниот потенцијал за развој. Исто така, опишуваат како веќе го тестирале нивниот систем на ембриони од животни.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

Сподели!
- Advertisement -