Јапонски научници развиваат „машина за соништа“ која ги репродуцира работите кои луѓето ги сонуваат

- Advertisement -

Луѓето често сонуваат, но исто така често и на сонот се сеќаваат како низ магла, или воопшто не го помнат.

Но, сега, со помош на нова технологија која ја развиваат јапонските научници ова може да се промени. Наречена „машина за соништа“, се работи за уред кој може да ја репродуцира содржината на нечиј сон.

- Advertisement -

Технологијата е заснована на скенирање на мозокот со модифицирана магнетна резонанца, преку која се мери мозочната активност на луѓето додека спијат. Податоците потоа се внесуваат во алгоритам, кој го реконструира сонот како видеоснимка.

Алгоритмите се користат за поврзување на скенираните податоци од мозокот со соодветни слики со кои се во корелација.

- Advertisement -

Истражувачите од Јапонија признаваат дека засега нивната технологија е далеку од совршена и дека нејзината точност е околу 60 проценти. Сепак, научниците се оптимисти дека во иднина оваа техника на репродукција на сон значително ќе се подобрува.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -