Биткоин на најниско ниво во последните 18 месеци!

- Advertisement -


Најсилната криптовалута на светот според пазарната капитализација, падна за 8,9% и сега вреди 24.903 долари, што е најниско ниво од декември 2020 година.
Ваквиот пад доаѓа по загрижувачките податоци за инфлацијата во САД, кои предизвикаа аверзија на инвеститорите кој инвестиции во ризични имоти, јави Блумберг.

По ова, ослабнаа и другите дигитални токени, па индексот MVIS, кој ја мери вредноста на 100 водечки криптовалути падна за 9,7%. Аналитичарите велат дека ова е резултат на монетарната политика на американските Федерални Резерви кои неделава треба да одлучуваат за ново зголемување на референтните камато за да ја „оладат“ високата инфлација.

- Advertisement -

Има проценки дека биткоин би можел да се спушти под 15.000 долари поради целото макро опкружување и нивото на страв кој го зафати пазарот. Трговците засилено се обложуваат на поагресивно зголемување на каматите од страна на ФЕД откако минатиот петок беше објавено дека инфлацијата во САД во текот на мај достигна 8,6%, што е највисоко ниво од декември 1981 година.

(Al Jazeera)

- Advertisement -

Фото – Robotics and automation news

Сподели!
- Advertisement -