Интернетот „Старлинк“ отсега достапен и во Македонија

- Advertisement -

Сателитскиот интернет „Старлинк“ управуван од компанијата „СпејсИкс“ отсега е достапен и во С. Македонија. Информацијата ја соопшти компанијата „СпејсИкс“ на Твитер.

„Возбудени за понатамошен пристап до брз и интернет со ниска латентост на Балканот“, стои во нивниот твит.

- Advertisement -

Досега, сателитскиот интернет е достапен во 48 земји во САД и 36 земји низ светот, а целта на компанијата „СпејсИкс“ е глобално покривање со услугата „Старлинк“.

До крајот на годината и почетокот на следната година, „Старлинк“ треба да стане достапен и во другите земјите од Западен Балкан, односно во Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Сподели!
- Advertisement -