Германија бара граѓаните и компаниите да ја намалат потрошувачката на гас

- Advertisement -

Германија во четвртокот го подигна нивото на приправност на криза во снабдувањето со гасот, порачувајќи му на своето население и на компаниите да ја намалат потрошувачката на енергенсот за да се обезбедат резерви за зимата и да бидат подготвени на уште повисоки цени.

Нивото на подготвеност на кризата во снабдувањето е подигнато поради повеќе од преполовените испораки на гасот од Русија кој доаѓа преку гасоводот Северен тек 1 (поради недостигот од турбините кои Канада не ги враќа од ремонт поради западните антируски санкции), и поради континуирано високите цени, се наведува во објавата на германското министерство за економија и заштита на животната средина.

- Advertisement -

Руски „Газпром“ минатата седмица најави дека ќе испорачува помалку гас бидејќи му доцни опремата за гасоводот којашто задолжената германска компанија „Siemens“ ја испратила на ремонт во Канада. Турбината е ремонтирана во погоните „Siemens Energy“ во канадски Монтреал, но властите во Отава не дозволуваат таа да биде вратена во Русија поради санкциите. Функционирањето на другата гасна турбина го запре рускиот регулатор Ростехнадзор, бидејќи истекувал периодот за нејзиното одржување.

„Иако тоа сѐ уште не го забележуваме, гасната криза веќе започна. Гасот сега е тесна стока. Цените веќе сега се високи, а мораме да се подготвиме дека ќе продолжат да растат. Тоа ќе влијае врз индустријата и ќе станат товар за потрошувачите. Станува збор за надворешен шок“, порача во писмената изјава германскиот министер за економија Роберт Хабек.

- Advertisement -

Резервоарите за гас се наполнети 58 отсто, што значи дека резервите се поголеми од минатата година, но Германија нема до декември да го достигне нивото од 90 отсто, доколку од Русија и натаму пристигнува 60 отсто помалку гас, истакнуваат министерството, повикувајќи се на пресметките на регулаторот за енергија.

„Приоритетот засега полнењето на складиштата со гас“, истакнува министерот Хабек додавајќи дека следните месеци и граѓаните и компаниите мора да ја намалат потрошувачката.

- Advertisement -

Поради гасната криза, германската влада повторно ќе активира повеќе термоцентрали на јаглен, за да намали потрошувачката на гасот во производството на електрична енергија.

Целиот текст на Нетпрес

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -