Грција во сабота ги отвора плажите под строго контролирани услови

- Advertisement -

Грчктие власти на основа на епидемиолошките податоци на Одборот а сузбивање заразни болести олдучија на 16 мај, сабота, да отворат 515 плажи во земјата на кои досега пристапот беше забранет поради пандемијата. Тоа се организирани плажи, додека користењето на неорганизираните, т.н. диви плажи и понатаму е забрането.

Во иднина ќе биде задолжително раководителите со организираните плажи да го евидентираат бројот на посетители. Максималниот број на посетители е 40 луѓе на 1.000 квадратни метри, минималната оддалеченост од центар до центар на чадорите е четири метри, додек под еден чадор може да има најмногу две лежалки оддалечени еден метар. По заминувањето на секој посетител лежалките ќе ги дезинфицира персонал, кој постојано мора да носи заштитни маски.

- Advertisement -

Рестораните и баровите на плажите нема да служат храна на масите. Тие мора да ги отстранат масите и столовите и да продаваат храна која се пакува, а гостите ќе чекаат ред оддалечени еден метар и половина едни од други и ќе ја подигнат храната.

На плажите се забранети алкохолни пијалаци, доставување оброци, собирање на луѓе во групи и спортување за кое е потребен физички контакт. Плажите ќе примаат гости од 8 часот наутро.

- Advertisement -

Грчките власти на посетителите им порачуваат дека песокот, морската вода и воздухот не се проблем, а раководителите на плажите предупредуваат дека тоалетите и кабините за туширање мора да бидат беспрекорно чисти и дезинфицирани.

Патувањата на грчките острови и понатаму се ограничени на апсолутно неопходни, а бродските линии се максимално проретчени. Грчката влада размислува да дозволи патување на островите најблиски до Атина во Саронскиот залив веројатно од 18 мај натаму. Забраната за шатување на другите острови останува, барем до 25 мај, кога се очекува повторно да почнат да возат патнички бродови со строги санитарни мерки и со преполовен капацитет.

- Advertisement -

Од 1 јули се очекува повторно отворање на хотелите, но само на тие кои работат цела година, а не на сезонските. Во иднина работењето на хотелите ќе биде во согласност со строгите насоки од Европската комисија.

Сподели!
- Advertisement -