Според ЕК сегашните регулативи за ограничување на употребата на пестициди се премногу слаби и не се применуваат доследно низ ЕУ.
Европската комисија денеска предложи воспоставување правно обврзувачки цели за намалување на употребата на хемиски пестициди за 50 проценти до 2030 година и целосна забрана за пестициди на места како што се јавни паркови, игралишта и училишта.
Според ЕК сегашните регулативи за ограничување на употребата на пестициди се премногу слаби и не се применуваат доследно низ ЕУ.
Студијата спроведена минатиот месец од Pesticide Action Network Europe наведува дека контаминацијата на овошјето и зеленчукот произведени во Европската унија со најтоксични пестициди значително се зголемила во последните децении.
За да се олесни преминот од хемиски пестициди на алтернативни методи, земјоделците ќе можат да ги користат фондовите на ЕУ за покривање на трошоците за набавка на задолжителни материјали за пет години, соопшти Европската комисија.
Комисијата, исто така, сака да воведе закон со цел да се опорави од еколошката штета до 2050 година.
Извор – Зелена берза