Македонската компанија за здрава храна Виталиа потпиша меморандум за соработка со Технолошко Металуршки факултет. Соработката ќе има пред се научно-едукативен карактер и ќе подразбира взаемна вклученост во изработка на научно-истражувачки проекти и изготвување на експертски анализи. За таа цел ќе бидат формирани експертски тимови во кој ќе бидат вклучени студенти, професори од факултетот, технолози и останати стручни лица од Виталиа.
За студентите ова претставува исклучителна можност за практична едукација, и од сам почеток да бидат вклучени во техничко технолошки процес за добивање здрав производ. Тоа за нив отвора можност за изработка на идни дипломски, магистерски и докторски трудови, и здобивање на искуства кои можат многу да им помогнат во понатамошната кариера.
Виталиа со оваа соработка само ја потврдува својата определба на иновативна компанија која отсекогаш настојувала да ја вклучи науката во процесот на производство на здрави производи, и да ги следи најновите технолошки и потрошувачки трендови