12 C
Skopje
вторник, април 13, 2021

Лесно и брзо до помош при учење со TeachHoot, првата македонска платформа за онлајн туторство

Kabtel desktop

26 тутори на TeachHoot во моментов дават приватни часови по класичните математика, физика, хемија, англиски јазик, но се зголемува бројот на тутори и по други интересни  области како што се: програмски јазици, графички дизајн, креативно пишување, комуникациски вештини, кинески, германски, музичка уметност итн.

(Разговараше- Сања Наумовска)

TeachHoot е првата македонска онлајн образовна платформа која овозможува туторство и приватни часови без обврска ученикот и туторот да бидат во иста просторија, ист град, па и во иста држава. Платформата започна со работа пред неколку недели, а творци се македонските ентузијасти и иноватори Тошо Мицевски и Деан Живковски, кои и самите имаат искуство со туторство. Тие двајцата се љубители на технологијата и на учењето и веруваат во огромната важност што ја има континуираното образование.

TeachHoot овозможува континуирано менторство или брзо решавање на некој проблем, има виртуелна училница и безброј алатки за совладување на лекциите.

Еден од творците на платформата, Тошо Мицевски, за „Иновативност“ открива дека мотивацијата за создавање на TeachHoot била желбата на учениците и студентите да им се обезбеди квалитетно туторство на едноставен начин, кој нема да им одземе многу време, ниту пак финансии.

Тошо Мицевски

„Нашата цел е со примената на информатичките технологии да го модернизираме образованието, да ги победиме територијалните, институционалните и пазарните ограничувања кои постојат при давање и примање на знаењето во нашата земја и светот“, вели Мицевски.

  •  TeachHoot е нова онлајн образовна платформа, може ли подетално да ни објасните како функционира?

Убавината на оваа платформа е во нејзината корисничка едноставност. Во текот на нашиот живот сите сме посетувале приватен час или курс по одреден образовен предмет. Сме морале прво да најдеме соодветен тутор по пријатели, огласи, роднини итн. Откога ќе најдеме одреден тутор треба да се вметнеме во неговиот распоред. Да патуваме до местото на одржување на часот и на крај да платиме без да имаме шанса да дадеме позитивна или негативна критика за одржаниот час.

Ние како TeachHoot го префрламе и интегрираме целиот систем на приватни часови на едно место, онлајн. Сега пребарувањето на тутор, закажувањето на час, наплатата,  одржувањето на часот и давање оцена и коментар за квалитетот на одржаниот час е интегрирано на едно место на нашата онлајн платформа. Нема веќе губење време, барање на добар и соодветен тутор. Сега, со помош на неколку клика од удобноста на својот дом, можете да следите приватни часови. Плус се заштедува на  транспортни трошоци и нормално, во зимските периоди кога е загадено, се поштедуваат и белите дробови. Оваа онлајн платформа ја елиминира потребата од губење време по патишта и во сообраќај и овозможува учење со квалитетен тутор на било кое место, каде што има пристап до интернет.

  • Од каде идејата на ваков иновативен начин да се поврзат технологијата и образованието?

Идејата првенствено потекнува од нашите лични искуства како ученици и тутори. Знаеме дека студентите и учениците сакаат да прават се во последен момент. Така и ние, некогаш како студенти, сме заглавувале на одредени задачи доцна во ноќта пред да се одржи испитот. Неможноста да се најде брза помош, преставувала голема препрека во постигнување на задоволителни резултати.

Од друга страна, како тутори ни се нарушува приватноста на нашиот дом, каде што ги одржуваме часовите или пак, доколку треба да одиме до домот кај ученикот, сме морале да изгубиме време во транспорт и да направиме дополнителни трошоци за превоз кои потоа ги префрламе во цената на одржаниот час .

Онлајн туторството нуди и уште една одлична можност, а тоа е ученикот и туторот да бидат во различни делови од земјата или од светот и покрај тоа да можат да одржат час. Наши колеги, студенти од од помалите градови во земјава многупати се соочиле со недостапноста на предавачи по одредени проблематики. Тие за да учат програмирање или некој друг специфичен предмет требаше да патуваат до Скопје. Сега веќе имаат поголема можност и достапност до квалитетни тутори, со што ќе се зголеми и квалитетот на образованието кое ќе го добијат.

Вака излгеда интерактивната училница

  • Што треба да направи ученикот за да добие онлајн час?

Сè што треба ученикот да направи е прво да се регистрира, потоа да се најави на својот профил, да го одбере саканиот тутор и да закаже час преку систем на пораки, во време кое највеќе му одговара и по цена која највеќе одговара на сопствениот буџет.

  • Како се изведува часот?

Часот се одржува во живо во виртуелна училница со помош на најразновидни интерактивни аудио-видео помагала. Оваа училница е нешто слична на Скајп, ама на стероиди?. Виртуелната училница е целосно интегрирана со нашата платформа.

  • Какви можности и алатки има туторот за да може поуспешно да го пренесе знаењето на ученикот, што му нуди TeachHoot платформата на ученикот?

Платформата нуди две опции, брзо решение на еден проблем, пишување домашна или есеј и од друга страна индивидуални часови.

  • За кои предмети се најголемиот дел од барањата?

Најголеми побарувања имаме по математика, физика, односно за природните науки. Почнавме со работа од пред неколку недели и со текот на времето мислам дека областите ќе се прошират. Функционалноста објави проблем е доста интересна, особено за оние кои имаат малку време , а им треба помош со некој образовен проблем. Со оваа функционалност едноставно тие објавуваат специфичен образовен проблем (на пример: задача по математика, помош во изработка на семинарска, пишување на есеј, проблеми во кодирањето итн.) и поставуваат време колку да трае објавата.

Објавениот проблем се праќа до туторите во соодветно избраната образовна категорија. Туторите потоа праќаат понуди за решавање на тој проблем. Од сите добиени понуди за решение, ученикот ја избира онаа која највеќе одговара на неговите потреби.

Дел од туторите на TeachHoot

  • Колку тутори имате во моментов и во кои области?

Моментално имаме 26 тутори кои дават приватни часови по класичните математика, физика, хемија, англиски јазик, а исто така се зголемува  бројот на тутори и по други интересни  области како што се : програмски јазици, графички дизајн, креативно пишување, комуникациски вештини, кинески, германски, музичка уметност итн.

  • Како се станува тутор, има ли некој изборен филтер?

Има дава вида на филтри: интерен и екстерен. Најпрво туторите треба да се регистрираат онлајн, потоа треба да ни достават скенирани копии од завршеното образовани и здобиените сертификати. Откако ќе ги добиеме соодветните документи, го контактираме туторот и закажуваме пробен час на кој првиот дел ја презентираме платформата, а во вториот дел сме во функција на ученици. Доколку се е како што треба го отклучуваме профилот на туторот за широката јавност. Ова преставува интерната филтрација.

Екстерната филтрација е од страна на учениците преку системот на оценување и коментари. Секој ученик по завршувањето на часот може да даде оценка за неговиот тутор, како да остави коментар за одржаниот час. Ова функционалност е од голема помош, затоа што целиот процес го прави транспарентен и под лупа на јавноста.

Тимот кој стои зад TeachHoot

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •