Карго цепелин ќе ги замени авионите, возовите и бродовите

- Advertisement -

Големите воздушни бродови на водород за превоз на стока и патници се напуштени после 1937 година, кога светот го обиколи познатата снимка од трагедијата на цепелинот Хинденбург, но наскоро може да се вратат благодарение на проектот H2 Clipper, кој претставува многу уверливо враќање на контроверзната технологија, со чија помош големите електрични воздушни бродови на погон на зелен водород би требало да овозможат транспорт на масивен товар на огромни растојанија многу побрзо од товарните бродови, со минимални инвестиции во инфраструктурата на тлото и тоа без никаква емисија на гасови.

Зборуваме за товар до 150 тони на оддалеченост до 9.650 км или отприлика колку растојанието од Лос Анџелес до Барселона со брзина на крстарење од над 280 км/ч. Тоа е нешто помалку од една третина од брзината на патничкиот авион Dreamliner, но 7 до 10 пати побрзо отколку што може да се плови со товарен брод на море.

- Advertisement -

Од H2 Clipper тврдат дека тоа ќе чини една четвртина од она што денес чини воздушниот превоз по тон и километар, што го прави економски поисплатлив начин на превоз на товар, како и при декарбонизацијата на трансконтинентални логистички операции.

Во 2021 година H2 Clipper е прифатен во Dassault Systems 3D Experience лабораториската акцелераторска програма, со што оваа мала компанија доби можност за користење на врвни симулациски и развојни алатки за да го подобри дизајнот. Компанијата ги доврши симулираните испитувања во аеротунелот користејќи компјутерска динамика на флуиди, шотврдувајќи ја аеродинамиката на супернискиот отпор.

- Advertisement -

Во оваа фаза компанијата планира да направи прототип до 2025 година, а воздупен брод на водород да полета до 2028 година. Тоа се уште е ризична игра за инвеститорите затоа што моментално е забранет водородот како гас за летање. Но, проектите со зелен водород вредни милијарди долари никнуваат низ цел свет, па самиот водород зад себе има лобистилка група која претходно ја немаше.

Од H2 Clipper велат дека овие воздушни бродови ќе ги победат железниците, бродовите, па дури и „цевководите“ на небото ќе бидат „зелени“ како и водородот кој го пренесуваат.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -