Речиси една четвртина од светската популација е во ризик од поплави

- Advertisement -

Речиси една четвртина од светската популација е изложена на значителни ризици од поплави, покажа најновот истражување објавено неделава, кое препуредува дека луѓето во сиромашните земји се поранливи.

Поплавите после обилни дождови и бури погодуваат милиони луѓе секоја година и предизвикуваат милијарди долари материјална штета.А ризиците растат се повеќе затоа што климатските промени предизвикуваат поекстремни врнежи и пораст на нивото на морињата и океаните.

- Advertisement -

Авторите на новата студија, објавена во списанието Nature Communications, ги проучувале глобалните податоци за ризиците од речни и морски поплави, како и распределбата на населението и проценката на сиромаштијата од Светска банка.

Утврдено е дека за околу 1,81 милијарди луше или 23% од населението на Земјата постои зголемена шанса за пораст на водостојот, пто би претставувало зголемен ризик по животот и егзистенцијата, особено за најранливите категории население, се вели во студијата.

- Advertisement -

Според студијата, вкупно околу 90% од луѓето кои се изложени на поплави живеат во земји со ниски или средни примања. Исто така, заклучено е дека бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија и под голем ризик од поплава е значително поголем отколку што се мислеше. Истражувачите откриле и дека на подрачјата изложени на најголеми поплави отпаѓаат околу 12% од светскиот БДП во 2020 година.

Но, тие велат дека едноставното концентрирање на монетарната вредност може да предизвика поголемо внимание да се насочи кои земјите со повисоки примања и повеќе еконосми средства. Авторите на студијата истакнуваат дека дури 1,24 милијарди луѓе кои се загрозени од поплави живеат во Јужна и Југоисточна Азија, а една третина на глобално ниво отпаѓа на Кина и на Индија.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Rawpixel)

Сподели!
- Advertisement -