Airbnb трајно ги забрани забавите и другите веселби бо куќите кои ги изнајмува на својата платформа. Одлуката ја донесоа откако привремените мерки во текот на пандемијата се покажаа популарни кај домаќините.
Од компанијата велат дека правилото станало многу повеќе од мерка за јавното здравје откако е воведено во август 2020 година. „Тоа се претвори во темелна политика на заедниците за поддршка на нашите домаќини и на нивните соседи“ велат од компанијата.
Освен тоа, отстрането е и ограничувањето колку луѓе може да останат во една куќа. Од Airbnb во соопштението наведуваат дека бројот на обвиненија паднал за 44% откако прв пат била воведена таа мерка.
Исклучоци од глобалната забрана може да се направат за специјално и традиционално гостопримство во иднина, додаваат. Од Airbnb исто така велат дека ќе го отстранат ограничувањето на бројот на луѓе кои е дозволено да се примат во кое било време.
Airbnb претходно наметна ограничување од 16 луѓе поради загриженоста за ширењето на КОВИД-19. Компанијата соопшти дека имаат на располагање повеќе големи куќи за удобно сместување над 16 луѓе. Во понуда се замоци во Европа, лозја во САД и големи вили на плажа на Карибите.
Компанијата почна да ги ограничува забавите во 2019 година. Таа забрани забави со отворена покана и т.н. хронични куќни забави, кои им пречеле на соседите. Во текот на пандемијата Airbnb воведе неограничена забрана на забавите во најдобар интерес на јавното здравје. Над 6.600 гости добија забрана да ја користат платформата минатата година поради кршење на правилата.
„Новата и долгорочна политика е донесена за да се овозможи поттикнување и поддршка на безбедноста на заедницата. Се радуваме што ќе можеме наредние недели и месеци да ги споделиме новостите за нашите напори со цел дополнување на политиката на заедницата за забавите“ велат од Airbnb.
(Bizlife)
(фото: Rawpixel)