Од петок поскапа струја! Просечно за 7,4% за трите блок тарифи

- Advertisement -

Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика се дека доколку не беше воведен новиот систем на блок тарифи, струјата ќе поскапеше за повеќе од 17 проценти.

Струјата од петок поскапува во просек за 7,4% за трите блок тарифи. За четвртиот блок во кој се најголемите потрошувачи ќе има и најголемо зголемување на цената на електричната енергија, коешто ќе се движи од 11,4% до речиси 100 проценти за оние коишто енормно трошат струја. Тоа значи дека просечната цена за електричната енергија за 98,8 проценти од домаќинствата ќе се зголеми за 7,4проценти. „Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика се дека доколку не беше воведен новиот систем на блок тарифи, струјата ќе поскапеше за 17,74% проценти“, вели првиот човек на регулаторното тело, Марко Бислимоски. 

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика денеска одржа подготвителна седница, по која и официјално соопшти колку ќе поскапи струјата од 1 јули, во зависност од понудените тарифи на ЕВН Хоме, АД ЕСМ, АД МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција.

Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемен трошок за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%.

- Advertisement -

Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%. 

Сподели!
- Advertisement -