Владата на Франција најави дека на домаќинствата со ниски приходи ќе им даде итна помош за храна во износ од 100 евра по домаќинство и 50 евра по дете. Така помош ќе добијат 9 милиони домаќинства.
Министерот за економија на Франција, Бруно ле Мер, веќе најави дека ќе го ограничи закупот на недвижностите на најмногу 3,5% во текот на годината. Овие мерки му претходат на законот за куповна моќ, кој веќе подолго време го најавува француската влада и кој треба да биде претставен пред Советот на министри на 6 јули.
Во нацрт-законот се предлагаат неколку мерки, вклучувајќи покачување на пензиите и на семејните додатоци за 4%. Меѓутао, тоа зголемување нема да го покрие растот на цените од околу 7%, кој се очекува за септември годинава.
Законот треба да ги поттикне и малите и средните претпријатија да воведат шеми за подлеба на добивата, за вработените да можат да добијат бонуси ако компанијата оствари добри резултати.
Останува прашањето на имплементацијата на тие меркиза куповна моќ да направи 20-25 милијарди евра дополнителни трошоци.
(Beta)
(фото: Max Pixel)