Финска по шести пат е најсреќна земја во светот

- Advertisement -

Финска си ја задржа позицијата најсреќна земја во светот шеста година по ред според Светскиот извештај за среќата (World Happiness Report), кој беше објавен денес. Извештајот, кој го составуваат научници од САД и се базира на анкети кои ги прави институтот Галуп, вклучува национален примерок на луѓе и степенот на нивно задоволство од животот.

Заедно со Финците, Данска и Исланд се на врвот на листата со најсреќни земји. Израел се искачи пет места нагоре и годинава се најде на четвртата позиција а Холандија е на петто место. Втората петорка ја сочинуваат: Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

- Advertisement -

Германија падна за две места во споредба со минатата година и сега е на 16-та позиција.САД, Обединетото Кралство и Франција се на 15-то, 19-то и 21-во место соодветно.

Авганситан и Либан и годинава се двете најнесреќни нации во светот.

- Advertisement -

Извештајот става акцент на значителните разлики во рангирањето на земјите според задоволството од животот, кои се забележани само во екстремни случаи, како што е споредбата меѓу Финска на врвот и Авганистан и Либан на дното.

Што се однесува на соседните земји, тука најдобро рангирана е Словенија на 29-то место. Потоа е Србија на 47-мо место, БиХ на 63-то место, Грција на 67-мо место, Црна Гора на 71-во место, Бугарија на 86-то место, Албанија на 91-во место, а Македонија е налошо рангирана од балканските земји и се наоѓа на 92-ро место.

- Advertisement -

(DW)

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -