Селим: Дигитализацијата и онлајн платформите се иднината на банкарското работење

- Advertisement -

Иако е позната како најбрзо растечка банка на македонскиот пазар и банка на којашто ѝ се важни луѓето, Халкбанк се повеќе станува предвесник на транформацијата на банкарското работење преку иновативни начини и алтернативни канали. За сето она што го направи досега Халкбанк, за поттикот од каде произлегоа новите иновативни производи и за перспективите на банката, разговараме со Атила Селим, директор на дирекција за aлтернативни канали на дистрибуција- Маркетинг.

Новинар – Сања Наумовска

- Advertisement -

Онлајн кредит е еден од најновите производи на Халкбанк АД Скопје. Кажете ни повеќе детали за оваа услуга.

По успешната имплементација на Онлајн Депозитот и позитивните резултати овој банкарски производ  е дизајниран да одговори брзо, едноставно и безбедно на барањата за кредит од нашите клиенти. Кога зборуваме за онлајн кредитирање – овој производ е токму тоа, затоа што за разлика од останатите кај кои може само да се аплицира онлајн, кај нашиот онлајн кредит целиот процес од аплицирање, одобрување и исплата на средствата, без воопшто да ја посетите филијалата на банката, се одвива онлајн. Тоа е исто како и кај онлајн депозитот со што може да се каже дека сме единствени со двете услуги на пазарот. Комлетната инволвираност предводена од Дирекцијата за население вклучувајќи го тимскиот дух со директниот придонес на сите останати Дирекции за кредитирање, ИТ, Операции и Алтернативни канали за Дистрибуција придонесоа да се создаде канал кој што овозможува комплетно дигитално кредитирање кое дури уште на почетокот покрива износ од две успешни филијали. Мислам дека овој тренд ќе придонесе во многу и кредитирањето во иднина се повеќе ќе се ориентира кон овој канал, впрочем земајќи ја предвид дигиталната револуција и генерациите кои што доаѓаат.

- Advertisement -

Дигиталните технологии се развиваат толку брзо што ни овозможуваат многу поволности и нивното користење ни отвора многу можности во секојдневното функционирање, а Халкбанк го следи овој тренд веќе одамна и затоа максимално ги користи предностите на дигитализацијата во секојдневниот живот. Така, поттикнати од можноста да создадеме совршен и брз начин за аплицирање за кредит, го создадовме овој прв целосно онлајн кредит на Халкбанк кој има многу предности. Ако веќе сте корисник на електронско банкарство, брзото аплицирање и одобрување од секаде ширум светот е достапно 24/7. Договорот за користење Online кредит од страна на клиентот и банката се потпишува во електронска форма, со двојна авторизација, со употреба на токен (e-signature) функционалност со Cronto image, што значи дека воопшто нема потреба од одење во некоја од филијалите на банката. На овој начин сите сме поштедени од непотребно и прекумерно печатење хартија и нерационална употреба на природните ресурси, што е дел од општествената одговорност на банката во насока на подобрување на животната средина, како уште една од нашите стратешки цели. И најголемата предност на овој производ е каматната стапка, која на онлајн кредитите во Халкбанк е фиксна за целиот период. Максималниот износ кој можете да го подигнете е 300.000 денари, а отплатата е до 60 месеци. Доколку сте примател на плата или пензија во Халкбанк и преку електронско/мобилно банкарство, само со неколку клика, се логирате, пополнувате апликација на табот „online производи“ и за помалку од 5 минути добивате одобрен кредит.

Неодамна Халкбанк АД Скопје го креираше и производот Garmin Pay. За кого е наменет и кои се неговите цели?

- Advertisement -

Garmin Pay е уште еден наш производи што се базира врз можностите на дигиталната технологија а е создаден со иновативен пристап да понуди повеќе, подобро и побрзо за нашите клиенти. Garmin Pay е создаден за луѓе што секогаш се во движење и овозможува брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник и тоа буквално секое плаќање, од шише вода додека џогирате, утринско кафе, до шопинг за домаќинството или други поголеми набавки. Преку апликацијата Garmin Connect се дигитализираат Visa и Mastercard картичките  издадени од Халкбанк АД Скопjе и се активира Garmin Pay и повеќе не ви треба паричник, бидејќи со Garmin Pay плаќате брзо, лесно, без допир само со приближување на Garmin часовникот до уредот за плаќање. Со оваа услуга ги поддржуваме оние што водат и активен начин на живот а ги поттикнуваме останатите да ги прифатат овие практики. Во Македонија сè поголем број граѓани се трудат да водат здрав живот а Garmin Pay е одговор пред сè на нивните потреби. Garmin часовникот е придружник на сите оние што спортуваат, било професионално, било рекреативно. И затоа ние како банка даваме силна поддршка на практики кои што значат негување здрави животни навики и заштита на природата која е и всушност продолжение на таквите практики земајќи го предвид проектот и  апликацијата ХАЛКЕКО за која неодамна Министерството за економија го прогласи за најдобар општествено одговорен проект во категоријата “однос со животната средина” .

Халкбанк истакнува дека е лидер во е-банкарството во земјата. Што значи тоа за вашите клиенти?

Многу иновативни производи и услуги базирани на новите дигитални технологии нè прават предводници во е-банкарството во земјава. Уште откако почнавме да работиме на овој пазар наша цел беше да обезбедиме за граѓаните најдобри, најбрзи, најсовремени и најсигурни услуги. Поттикнати од ова и како модерна, финансиска институција го следевме развојот на новите технолошки и информатички трендови и соодветно ги аплициравме на нашите услуги и производи. Во изминативе години создадовме широка понуда од производи и платформи што овозможуваат нашите клиенти брзо и едноставно, од својот дом целосно да ги менаџираат своите сметки и да ги завршуваат сите традиционални банкарски услуги со користење на онлајн услугите на банката и преку својот мобилен телефон или компјутер. И тоа се однесува за сите клиенти. Така за правните лица да уплаќаат дневен пазар без притоа да имаат потреба од посета на најблиската филијала, го зголемивме бројот на банкомати со cash-in и  contactless функција. И нашите апликации за електронско банкарство и мобилната апликација за правни лица, исто така, нудат широк спектар услуги кои го поедноставуваат процесот на менаџирање на финансиите на правните субјекти.

А во овој фокус се и граѓаните, односно за побрзо, побезбедно и поедноставно завршување на банкарските обврски создадовме платформи и услуги базирани на дигиталните технологии. Така, секој корисник на електронско и мобилно банкарство на банката преку услугите e-banking и mobybanking може да изврши проверка на состојбите на сметките, на кредитните картички, да изврши уплата на средства, нивно префрлање на друга сметка, да врши плаќање комунални услуги, кредити и други дневни трансакции – денарски и девизни, како и креирање шаблони. На овој начин може да се врши и продажба и откуп на девизи, креирање персонални буџети, потсетници за плаќања, но и да се отвора орочен денарски или девизен депозит, или, пак, да се аплицира за кредит. Освен последниот Онлајн кредит, и со другите наши производи Garmin Pay, Смарт кеш и HalkPay го исполнуваме она што ни беше целта – создавање банкарски услуги блиски до граѓаните затоа што во нашата банка важни се луѓето.

Кои се плановите за иднина на Халкбанк АД Скопје поврзани со воведување на нови и иновативни производи за вашите клиенти?

Халкбанк со досегашната работа веќе ја дефинира насоката кон која се движи, односно следење на технолошкиот развој и максимално користење на сите можности што ги нуди, а можат да се аплицираат на банкарските производи и на тој начин да создадеме што подобри и поефикасни услуги. Голем дел од ова го направивме, но повторно ќе кажам, ние ги следиме трендовите и најскориот технолошки развој и соодветно ги надградуваме нашите производи и создаваме нови. Кога ќе се спојат нашата интенција за мноштво производи што се скроени по мерка на клиентите и се одговор на нивните потреби и податливоста на дигитализацијата, можностите се големи. Така што, работиме и создаваме начини за поголема дигитализација на банкарското работење во сите нивоа трасирајќи пат во насока на Необанка. Верувам дека со нашиот пристап, што приоритетно произлезе од потребата за поедноставување на банкарските услуги и поголема безбедност на граѓаните, го трасира и патот до дигитализација на банкарскиот сектор.

Сподели!
- Advertisement -