Данската биотехнолошка компанија Bavarian Nordic откри дека Европската комисија и издала одобрение за вакцината Imvanex против мајмунски сипаници, како што препорача минатата недела Европската агенција за лекови.
Одобрението следува еден ден откако Светската здравствена организација издаде предупредување на високо ниво поради брзото ширење на мајмунските сипаници и ги прогласи за глобална здравствена закана.
„Достапноста на една одобрена вакцина значително може да ја подобри подготвеноста на земјите да се борат со новите болести, но само преку инвестиции и структурно планирање на биолошката подготвеност“ изјавија од Bavarian.
Вакцината на Bavarian е единствената која добила одобрение за употреба во превенцијата на мајмунските сипаници во САД и Канада, а досега во САД е одобрена за третирање на мали сипаници. Но, компанијата обезбеди вакцини за неколку земји на ЕУ во текот на епидемијата на мајмунски сипаници. Одобрението е валидно во сите земји-членки на Европската унија, како и за Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.
Цените на акциите на Bavarian изминатите три месеци скокнаа за 122% како резултат на големата побарувачка за вакцини против мајмунски сипаници.
(Reuters)
(фото: Panoramams)