Xiaomi наскоро ќе го претстави својот прв автомобил

- Advertisement -

Спротивно на очекувањата, Xiaomi ќе го претстави својот прв автомобил веќе оваа година.

Мора да се признае дека ќе биде прототип, но наводно целосно функционален, што е изненадување со оглед на тоа што компанијата ги објави своите намери во автомобилскиот свет пред нешто повеќе од половина година. Премиерата е закажана за август годинава, дознава Sina Tech.

- Advertisement -

Според досегашните информации, зад дизајнот на првиот Xiaomi на четири тркала стои Shanghai HVST Automobile Design, кој зад себе веќе има многу успешни дизајнерски решенија. Само се шпекулира дека може да личи на нивниот концепт WM Maven.

Програмата за развој на автомобили започна во март минатата година и беше најавено дека во проектот првично се инвестирани 1,5 милијарди долари, а во следните 10 години ќе бидат инвестирани уште 10 милијарди долари. Фабриката ќе биде отворена во Пекинг со помош на партнери, а откако ќе биде завршена ќе има годишен капацитет од 300.000 автомобили.

- Advertisement -

Почетокот на производството се очекува во 2024 година. Xiaomi планира да лансира вкупно четири модели

Сподели!
- Advertisement -