ВИДЕО: Налепница која ги гледа внатрешните органи во телото

- Advertisement -


Преносните сензори како налепници и привремени тетоважи се сметаат за футуристичка технологија за брза, едноставна и евтина медицинска дијагностика .Свој придонес во тој правец даде и МИТ. Тие претставија сензор кој ги гледа внатрешните органи со помош на ултразвук, анализа на звучни бранови кои се одбиваат од срцето, градниот кош и другите внатрешни органи. Новата ултраззвучна налепница со големина на поштенска марка произведува јасна слика од срцето, градниот кош и другите внатрешни органи.

Постојната ултразвучна дијагностика вклучува специјализирана скапа опрема која е достапна исклучиво во болниците или во амбулантните возила, но сензорската налепница би можела на докторите да им овозможи да ги гледаат внатрешните органи кога ќе посакаат, без оглед на тоа каде се наоѓа пациентот.

- Advertisement -

Преносниот сензор се лепи на кожата и може постојано да прави ултразвучна слика 48 часа дневно, а на тестовите се покажал прилично ефикасен затоа што навистина правел ултразвучни снимки во реално време со помош на алгоритам кој звучните бранови во живо ги претворал во слика.

Целото истражување е објавено во списанието Science.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -