Успешно тестиран пренос на 4G податоци од вселената на мобилен телефон

- Advertisement -

Компанијата AST SpaceMobile во соработка со AT&T успеа да поврзе мобилен телефон Samsung Galaxy S22 со сателитет во ниската орбита на Земјата и да направи двонасочен гласовен повик. Овој успешен тест означи голема пресвртница во сателитската мобилна комуникација, а од компанијата тврдат дека сега се чекор поблиску до приближување на оваа технологија до потрошувачите.

Од AST неделава соопштија дека неодамна направиле повеќе трстови на Хаваи, каде што нивните инженери забележале брзина на симнување податоци од 10Mbps од сателитот BlueWalker 3 до мобилен телефон на Земјата.

- Advertisement -

„Успешното постигнување на двоцифрена брзина на преземање податоци во текот на тестирањето меѓу сателитот и паметниот телефон не води чекор поблиску до тоа луѓето ширум САД да можат да останат конектирани без оглед на нивната локација“ вели шефот на AT&T, Крис Самбар.

Наредниот чекор е AST да поврзе мобилен телефон со сателитот BW3 преку 5G сигнал. Ракетата Falcon 9 на SpaceX го достави сателитот во земјината орбита во септември минатата година, а тој е опремен со најголемата антена која ја има еден комерцијалн сателит и претставува еден од најсветлите објекти на ноќното небо, со големина од над 64 квадратни метри.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -