Тетоважа која се користи за следење на здравјето на пациентите

- Advertisement -

Преносните како паметни часовници и алки се почесто се користат во медицината, како и уредите кои го следат срцевиот ритам и различни активности и предупредуваат во случај да забележат некаков проблем. Научници од јужнокорејскиот Напреден институт за наука и технологија во градот Даејеон исто така бараат начини на кои технологијата може да помогне во следењето ан здравјето на пациентите и за превентивни предупредувања кога ќе се појават знаци на опасност.

Но, наместо паметни часовници тие се обидуваат тоа да го направат со посебни тетоважи кои се направени со електронска боја. Како што изјави за Reuters водителот на проектот, Стив Парк, бојата е неинвазивна, а е направена од честички на база на галиум, додека карбонските наноцевки украсено со платина помагаат да се спроведува електричната енергија и истовремено осигуруваат трајност и делуваат како биоелектроди. Таквите тетоважи не може да се отстранат ниту со триење.

- Advertisement -

Бојата која ја развил јужнокорејскиот тим собира податоци за здравствената состојба на пациентите како што е работата на срцето, нивото на глукоза и сл. а потоа собраните информации на докторите им помагаат навреме да реагираат ако има проблем.

За почеток за отчитување на податоците потребни се посебни биосензори или на пример уред за ЕКГ, кој треба да се поврзе со таа боја. Но, научниците веќе работат на верзија на бојата која ќе може да испраќа податоци без такви сензори.

- Advertisement -

Имено, планот е во неа да се интегрира безжичен чип кој директно би комуницирал со екстерни уреди и сензори, на кои би им ги испраќал податоците. Тетоважите ќе може да се поставуваат на пациентите дома и веднаш ќе предупредуваат на потенцијални здравствени проблеми.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -