Паметен шал го следи расположението на фудбалските навивачи

- Advertisement -

Британскиот фудбалски клуб Манчестер Сити направи паметен шал за навивачи кој ќе ги мери нивните реакции за време на натпреварите. Клубот соработувал со Cisco, американскиот конгломерат за технологија, за да ја продлабочи поврзаноста со своите навивачи.

Шалот се вика The Connected Scarf и користи биосензори за да ги следи биосигналите на телото. Шалот ќе ги следи физиолошките реакции на фановите и ќе му овозможи на клубосвоите навивачи на сосема поинакво ниво.

- Advertisement -


Паметниот шал ќе се носи околу врат и со помош на сензорот EmotiBit ќе ги следи биосигналите. Ќе го следи срцевиот ритам, температурата на телото и емотивните реакции, а податоците ќе се користат за да се види како се чувствуваат фановите во текот на различни моменти во текот на натпреварите.

Манчестер Сити искористил шестмина долгогодишни фанови за пилот-програмата во текот на која го тестирал производот и забележале над 120 моменти на возбуда во текот на 90 минути игра – радост, нервоза, напнатост и сл.

- Advertisement -

„Во текот на неколкуте години сорабтока со Сити постојано бараме начини да ги поврземе фановите со спортот што толку го сакаат, но на сосема поинакви нивоа. Конектираниот шал е еден возбудлив проект за нас додека се обидуваме подобро да ги разбереме и да ги измериме моментите на најсилни и најслаби емоции кај фановите и како играта влијае физички и емотивно врз нив“ велат од Cisco.

Познато е дека шалот ќе биде достапен за сите фанови и за одреден број поддржувачи на фудбалскиот клуб Њујорк Сити во САД, но не се познати никакви детали.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Manchester City)

Сподели!
- Advertisement -