Се привршува изградбата на најмоќниот телескоп во светот

- Advertisement -

Giant Magellan Telescope, најмоќниот телескоп кога било создаден, доби инвестиција од уште 205 милиони долари од конзорциумот кој го гради за да се доврши ионструкцијата.

За неговата изградба придонес имаат дадено и други значајни институции како што се Карнеги колеџот, Универзитетот Харвард, истражувачката институција So Paulo Research Foundation (FAPESP), Универзитетот Тексас и Универзитетот Чикаго.

- Advertisement -

Парите од новата инвестиција ќе бидат искористени за довршување на креацијата на телескопот висок 12 ката во Илиноис.

Giant Magellan Telescope се гради во опсерваторијата Лас Кампанас на Универзитетот Карнеги во Чиле, а ќе им овозможи на астрономите повеќе од кога било претходно да продрат длабоко во вселената. Освен тоа што е 200 пати помоќен од сегашните телескопи, тој ќе има и 4 пати поголема резолуција од телескопот James Webb.

- Advertisement -

Тој ќе овозможи и вселенски патувања во иднина така што со своите 25.4 метри ќе даде најсеопфатен поглед во универзумот благодарение на своите седум најголеми огледала досега.Телескопот буквално ќе ги осветли нејаснотиите за потеклото на хемиските елементи, ќе ги разјасни космичките загатки за темната материја, ќе може да потврди постоење на живот на други планети.

Се очекува да биде комплетиран до крајот на оваа деценија. .

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

Сподели!
- Advertisement -