Римац се пофали со својот најнов автомобил – Bugatti W16 Mistral

- Advertisement -

Мате Римац се пофали со новиот автомобил на својата компанија – Bugatti W16 Mistral. Воедно, тоа е и првиот автомобил на Bugatti кој е целосно осмислен и развиен откако е формирана компанијата Bugatti Rimac. Римац преку Facebook го објави успехот на својата компанија.

„Дами и господа, Bugatti W16 Mistral. Првиот нов Bugatti осмислен и развиен под водство на Bugattija Rimаc. Прославата на славниот W16 – последниот од тој вид пред да преминеме на следната генерација хибридни Bugatti. Ќе направиме 99 единици по 5 милиони евра секоја. Изминатите недели го покажувавме автомобилот само на постоечки сопственици на Bugatti и ним автомобилот толку им се допадна што сега е буквално распродаден. Му честитаме на целиот тим за ова неверојатно достигнување“ порача во својата објава Римац.

- Advertisement -

Римац подонцна во коментарите под објавата објасни дека Mistral во себе ќе го има постоечкиот Bugatti W16 quad turbo мотор со 1.600 коњски сили и порача дека воедно тоа е последниот Bugatti без електрификација и со W16 мотор.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -