ВИДЕО: Вака ќе изгледа јапонскиот град од иднината

- Advertisement -

Компанијата Toyota во Јапонија гради футуристички паметен град кој ќе биде еден вид на лабораторија за тестирање нови технологии. Беспилотни автомобили, роботика, соларна енергија – сето тоа на едно место е само дел од она што е планирано.

Градот го нарекуваат прототип на градовите од иднината, а ќе се наоѓа во подножјето на планината Фуџи во Јапонија. Се очекува и да има и голем број футуристички и конектирани технологии како роботи, возила за лична мобилност, паметни домови каде што се ќе биде интегрирани во реална 7ивотна средина. Градот ќе има и патишта за повеќе видови превоз.

- Advertisement -

Во градот ќе се тестираат беспилотни автомобили и роботи, а се бо градот ќе работи на соларна енергија и енергија од водород. Ќе има три вида улици: едни исклучиво за пешаци, други за велосипедисти и трети за беспилотни автомобили.

Електрични автономни автомобили ќе доставуваат роба. Градбите ќе бидат направени од дрво за да се намали емисијата на јаглерод диоксид. Со сензори ќе се следи здравствената состојба на жителите, а роботите ќе се користат за секојдневни активности.

- Advertisement -

Градот ќе никне во близина на Токио, на местото на некоја стара фабрика. Меѓу првите 360 жители ќе има семејства и инвеститори, а тие ќе се населат во текот на првите пет години. Планот е подоцна во него да живеат околу 2.000 луѓе, како што објавија зимоска на Светскиот економски форум.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -