Pela е првата биоразградлива футрола за телефон

- Advertisement -

Pela Case е канадски бренд кој дизајнира 100% биоразградливи фустроли за телефон и аксесоари за технологијата која ја користиме секојдневно.

„Ние однапред размислуваме за секој чекор од процесот – од емисијата на јаглерод диоксид од фабриките за производство до одлуката дали ќе вршиме достава со авиони или бродови. Доставата со авиони има поголеми штетни ефекти врз околината отколку транспортот со бродови. Дури и ако тоа значи дека доставата на тој начин е побавна, секогаш ја избираме најодржливата опција“ вели Гарет Еверард, главен директо за маркетинг во Pela Case.

- Advertisement -

Еверард објаснува како Pela ги презела сите мерки за производството да биде локално и поблиску до седиштето на компанијата во Канада за да се намали емисијата на СО2 од возилата за транспорт и да се има поголема контрола врз сите апскети од производството.

Pela Case е карбонски неутрлана компанија и сертифицирана Б корпорација. Активно прават напори за целиот производен процес да нема никаква емисија на јаглерод диоксид, да користат што помалку вода во производството и да се намали отпадот кој го создаваат. Освен тоа, дел од профитот се донира за иницијативата Ocean Cleanup, која има за цел да го исчисти најголемиот куп со пластичен отпад во Тихиот Океан.

- Advertisement -

Најголем дел од производите на Pela се 100% биоразградливи, а за малкуте производи кои не се компостабилни Pela има програма за реупотреба и рециклирање. Футролите за телефон се направени од материјалот Flaxstic, односно комбинација од ленени и други растителни биополимери, па затоа се меки, флексибилни, издржливи и ги штитат уредите.

„Понатаму планираме да произведуваме и футроли за лаптопи, како продолжение на нашите колекции за iPad и Android и да бидеме подготвени за новите телефони кои допрва ќе се појават“ вели Еверард. Pela неодамна го прошири и својот бренд со Lomi, уред за биокомпостирање дома кој органскиот отпад го претвора во прашина.

- Advertisement -

(CNN)

(фото: Pela Case)

Сподели!
- Advertisement -