Пет невладини организации од регионот ќе го лансираат првиот заеднички сателит во вселената?!

- Advertisement -

До крајот на годината, Босна и Херцеговина заедно со партнерите од регионот треба да го лансираат првиот сателит во вселената. Звучи нереално, но благодарение на основањето на Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа, чиј дел стана и БиХ, се поизвесно е дека тоа ќе се случи, пренесува Данас.

Асоцијацијата ја сочинуваат и Комитетот за развој на вселенската програма од Нови Сад, „Montenegro space Research“ од Подгорица, „Adriatic Aerospace Association“ од Загреб и Центарот за иновации и технолошки развој „НАВИА“ од Скопје.

- Advertisement -

„Ако трошоците се поделат на нас 5, да речеме Црна Гора се занимава со развој на ракети, Хрватска со комуникација, Србија со гориво, мислам дека ова е идеална шанса и многу ми е драго што се обединивме и може да биде сериозна приказна од сето ова“, изјави Никола Перковиќ од Црна Гора.

Целта е до крајот на годината да се лансира заеднички сателит, кој Индија ќе ѝ го поклони на асоцијацијата, во чест на нејзината 75-годишнина од независноста.

- Advertisement -

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -