15 најдобри tech подкасти што треба да ги слушате во моментов

- Advertisement -

Дали некогаш сте почувствувале дека технологијата се движи толку брзо во толку многу различни насоки што не постои начин еден човечки мозок да го обрне своето внимание на сите нив?

За тоа служат подкастите.

- Advertisement -

Без разлика дали вашата работа спаѓа во технологија, водите стартап или едноставно сакате да учите за новата технологија и гаџети, подкастите можат да бидат одличен начин да бидете во тек со главните трендови во технолошкиот екосистем. Ова се 15 од омилените подкасти на FastCompany кои не само што се забавни, туку и можат да помогнат да го проширите вашето знаење за понекогаш комплицираната индустрија. Некои од овие подкасти ги покриваат general news од tech индустријата, додека други опфаќаат специјализирани области како што се крипто или електрични возила. Некои се кратки и ги опфаќаат само главните моменти додека други траат подолго и се нурнуваат длабоко во темите.

Но, сите овие одлични подкасти ви даваат шанса да апсорбирате корисно знаење за релативно краток временски период – дури и додека вашите раце се зафатени со нешто друго

- Advertisement -
НАЈДОБАР ПОДКАСТ ЗА Е-ТРГОВИЈА

THE JASON & SCOT SHOW

Индустријата за е-трговија е свој свет и заслужува свој неделен подкаст. Токму поради тоа, за да ја пополнат потребата од ова, двајца ветерани од индустријата – Џејсон Голдберг, главен службеник за стратегија за трговија во Publicis Communications и Скот Винго, коосновач и извршен директор на Spiffy и поранешен извршен директор на ChannelAdvisor започнуваат со свој подкаст. „Jason & Scot Show“ е домаќин на различни гости, често основачи на компании во екосистемот за е-трговија, кои разговараат за речиси секој аспект од е-трговијата, вклучувајќи синџири на снабдување, веб-страници, испорака и, се разбира, Амазон.

- Advertisement -

СЛУШАЈ ТУКА

НАЈДОБРИ ПОДКАСТИ ЗА TECH NEWS

TECHMEME RIDE HOME

Techmeme со години внимателно собира и курира некои од најдобрите (и најбрзи) информации за најважните вести во технолошката индустрија секој ден. Techmeme Ride Home ви дава голем дел од новостите кои ги има на својот веб-сајт, но во аудио форма, што го прави уште полесно за „конзумирање“, особено ако извршувате повеќе задачи во исто време. Домаќин на подкастот е Брајан МекКалоу, кој со ентузијазам ги обезбедува клучните tech факти со наплив на свои коментари. Поткастите се објавуваат во 17 часот секојдневно и обично траат околу 15-тина минути.

СЛУШАЈ ТУКА

THE HUSTLE DAILY SHOW

Овој подкаст е уште едно кратко, секојдневно шоу (многу епизоди се помалку од 10 минути) што ви дава солидно извршно резиме на она што се случува во tech вестите, плус малку паметни, а честопати смешни коментари. Водител на Hustle Daily Show е писателите на newsletter-от на The Hustle, Захари Крокет, Џулиет Бенет Рајла, Џејкоб Коен и Роб Литерст.

СЛУШАЈ ТУКА

НАЈДОБРИ ПОДКАСТИ ЗА ГАЏЕТИ

WAVEFORM

Софтверот можеби го изеде светот, но хардверот и гаџетите се сè уште многу важни, а тоа е она на кое е посветен Waveform подкастот. Тој е воден од Маркес Браунли, кој стана добро познат меѓу влијателните лица од tech светот со неговите reviews на YouTube за сè, од смартфони до електрични автомобили. Секоја недела, Браунли и колегата Ендрју Манганели ги разгледуваат сите видови на нови гаџети, вклучувајќи опрема за игри и слушалки за виртуелна реалност, електрични возила, телефони на преклопување и речиси сè што произведуваат и објавуваат компаниите за consumer tech. Овие момци гледаат на производите со критичко око, но очигледно ги сакаат гаџетите, што е дел од она што ги прави забавни нивниот подкаст, како и нивните YouTube видеа.

СЛУШАЈ ТУКА

НАЈДОБРИ ПОДКАСТИ ЗА APPLE

MAC POWER USERS

Многумина од нас ги сакаат Mac компјутерите и лап топите, но исто така се сомневаат дека би можеле да извлечат поголема продуктивност од нив со малку повеќе стручни совети. Општо земено, тоа е она на кое е посветен неделниот подкаст на Mac Power Users. Предводен од водителите Дејвид Спаркс и Стивен Хакет, и со интересни гости од широк спектар на професии, ова шоу ги учи слушателите нови работни процеси за нивните Mac компјутери, како и вести и коментари за најновиот хардвер, апликации и оперативни системи на Apple. Шоуто започнало од 2009 година, а штотуку ја објави својата 649-та епизода. Епизодите се прилично долги, но тие се богати со совети, а Спаркс и Хакет создаваат low-key атмосфера што е пријатна за слушање.

СЛУШАЈ ТУКА

CONNECTED

Connected длабоко се нурнува во светот на Apple, со неделни коментари за најновите уреди, апликации, функции, оперативни системи и услуги на компанијата – и како сето тоа функционира заедно во екосистемот. Во подкастот се вклучени главниот уредник на MacStories, Федерико Витичи и коосновачите на Relay FM, Мајк Харли и Стивен Хакет (исто така од Mac Power Users). Сите тројца се долгогодишни набљудувачи/инфлуенсери на Apple и интелигентно шпекулираат со што може да излезе Apple следно.

НАЈДОБРИ TECH-AND-POP-CULTURE ПОДКАСТИ

THE CONTENT MINES

The Content Mines ја покриваат страната на социјалната содржина на светот на технологијата, која вклучува работи како најновите трендови на TikTok, крипто измами, интересни твитови, трендови на инфлуенсери на Инстаграм и речиси секаков вид креативен резултат што се појавува на социјалните медиуми. Подкастот е неделна рап сесија во која учествува Рајан Бродерик, кој исто така го пишува newsletter-от Garbage Day; и Лук Бејли, кој ја води дигиталната програма за inews.co.uk. Она што го прави шоуто интересно и успешно е смешниот однос на водителите и нивното очигледно познавање на секојдневните трендови онлајн.

СЛУШАЈ ТУКА

НАЈДОБРИТЕ ПОДКАСТИ ЗА TECH СТАРТАПИ

ACQUIRED

Acquired раскажува приказни за големи технолошки компании, вклучувајќи ги и тешките лекции што ги научиле додека растеле. Подкастот е воден од ангелскиот инвеститор од Сан Франциско, Дејвид Розентал и Бен Гилберт, коосновач и управен директор на Pioneer Square Labs со седиште во Сиетл и ризичен фонд PSL Ventures. Розентал и Гилберт ги разбираат стартапите и тие редовно прикажуваат успешни основачи (како што е извршниот директор на Zoom, Ерик Јуан) и инвеститори (како што е Кетрин Бојл од a16z) да зборуваат за стратегиите што им помагаат на големите стартапи да станат одлични компании.

СЛУШАЈ ТУКА

CARTOON AVATARS

Логан Бартлет смета дека подкастот е редовен дел од неговата работа како venture capitalist, и тоа го прави добро. Партнер во Redpoint Ventures, Бартлет е добар интервјуер и има остри сознанија за компаниите во рана фаза. Cartoon Avatars покриваат сè, од тековните tech вести и трендови до мемиња и т.н. “beefs” на Твитер. Бартлет интервјуира основачи на важни компании, некои од нив доаѓаат и од крипто светот. Емисијата и честиот гостин водител Зак Вајнберг, ко-основач на здравствената технолошка компанија Flatiron Health, заземаат скептичен поглед на блокчејн компаниите и Web3, што доведува до некои интересни размени на мислења. Бартлет често разговара со други venture capitalists, вклучително и познати личности како поранешниот партнер на a16z Бенедикт Еванс, сега независен аналитичар.

СЛУШАЈ ТУКА

НАЈДОБРИ ПОДКАСТИ ЗА КРИПТО И WEB3

STACKS

Ако сте многу заинтересирани за крипто или пак сте само љубопитни, Stacks, подкаст чиј домаќин е Лук Мартин, се обидува да ве запознае со најновите крипто трендови, блокчејн проекти, алткоини, NFT и многу повеќе. Најдобриот дел од шоуто, сепак, се гостите што ги носи Мартин, кои вообичаено вклучуваат институционални инвеститори, менаџери на hedge фондови и други кои навлегле длабоко во оваа сфера.

СЛУШАЈ ТУКА

NOT INVESTMENT ADVICE

Ако барате релаксирачки подкаст, овој веројатно не е за вас. Not Investment Advice е рап сесија со висока енергија помеѓу инфлуенсерите Џек Бучер, Билал Заиди и Трунг Фан за врската помеѓу финансиите и интернет културата. Ова вклучува широк опсег на теми, вклучувајќи вести од tech и медиумските компании, аквизиции, инвестиции, Web3 и добар дел за крипто и NFT. Поткастот функционира поради интеракцијата помеѓу ко-водителите, кои длабоко се внесуваат во секој подкаст. Понекогаш има добро познати гости: на почетокот на јули, шоуто го поздрави крипто-вистинскиот верник Мајкл Сејлор, чија компанија MicroStrategy поседува 129.699 Bitcoin (во моментот во вредност од околу 2,9 милијарди долари).

СЛУШАЈ ТУКА

OVERPRICED JPEGS

Overpriced JPEGs, чиј домаќин е Карли Рајли, поранешен финансиски директор на Andrew Yang, со сигурност ги покрива најновите NFT проекти, цени и заедници што се однесуваат на Web3 и метаверзумот. Централното прашање на овој подкаст е дали NFT содржи вистинска вредност или навистина се само „прескапи JPEG слики“. Многу други интересни теми произлегуваат од тоа прашање, вклучително и она што ја создава перцепцијата за вредност кај различните заедници на иматели и купувачи на NFT.

СЛУШАЈ ТУКА

НАЈДОБАР AUTO TECH ПОДКАСТ

AUTONOCAST

„The zero bullshit подкаст за автономни автомобили, автоматско возење и иднината на мобилноста“, тоа е Autonocast – неделен подкаст кој ги опфаќа сите аспекти на мобилноста, автономните возила и електричните возила со ко-водителите Алекс Рој, директор за специјални операции во Argo AI; Едвард Нидермаер, автор на “Ludicrous: The Unvarnished Story of Tesla Motors” и Кирстен Корошец, виш известувач и уредник за транспорт на Techcrunch. Во шоуто се појавуваат основачи на технолошки компании кои придонесуваат за новите екосистеми за автономна и електрична мобилност; и експерти кои дискутираат за широк спектар на аспекти на идната мобилност, од регулатива и безбедност до предизвици и инфраструктура со вештачка интелигенција.

СЛУШАЈ ТУКА

HONORABLE MENTION

PROOF

Tech venture capitalist Кевин Роуз, кој Блумберг го наведува како „топ 25 ангел инвеститор“ е домаќин на Proof, кој, слично на Overpriced JPEGs, се фокусира на чудниот свет на NFT. Роуз интервјуира различни NFT уметници, вклучувајќи ги и познатите имиња и новите имиња во NFT светот. Тој и неговите гости разговараат и за NFT гејмингот и метаверзумот, како и за луѓето кои градат нови алатки за креаторите и колекционерите на NFT.

СЛУШАЈ ТУКА

UPONLY

UpOnly е крипто подкаст воден од двајца момци познати само како Леџер и Коби – и двајцата добро познати влијателни лица во крипто заедницата, секој со стотици илјади следбеници на Твитер. Двајцата ги изнесуваат најголемите вести во индустријата, која во последно време вклучува блокчејн и крипто стартапи кои пропаднале за време на тековниот пад на пазарот. UpOnly имаше неколку познати гости, вклучително и инвеститорот Марк Кубан, инвеститорот на Биткоин Мајкл Сејлор и ко-основачот на Ethereum, Виталик Бутерин.

СЛУШАЈ ТУКА

Извор – Асоцијација за е-трговија на Македонија

Сподели!
- Advertisement -