Најголемите рудари на биткоин изгубија милијарда долари

- Advertisement -

Како што пишуваат аналитичари на Bloomberg, трите најголеми компании за родарење биткоини со кои се тргува на американскиот пазар на акцииизгубиле повеќе од 1 милијарда долари во вториот квартал од 2022 година. Загубата следувала после падот на цената на криптовалутите, а тоа довело до намалување на вредноста на акциите во компаниите.

Трите компании, Core Scientific Inc., Marathon Digital Holdings Inc. и Riot Blockchain Inc., ги објавија тримесечните извештаи кои покажуваат загуба од 862 милиони долари, 192 милиони долари и 366 милиони долари. Од друга страна, американската криптоберза Coinbase Global забележала загуба од 1,1 милијарди долари во истиот период, а главниот инвеститор во Bitcoine Microstrategy Inc. исто така изгубил над 1 милијарда долари.

- Advertisement -

Изгледа дека падот на цената на биткоин е резултат на тоа што рударите ги распродадоа своите биткоини за да ги покријат трошоците и да ги отплатат долговите, а изгледа дека тоа продолжило и во третиот квартал од годината, и покрај знаците дека цените повторно растат.

Во јули е забележана втората најголема продажба на биткоин годинава, со 6.200 продадени валути. Ова следува после јуни, кога биле продадени 14.600 биткоини, а биле „ископани“ само 3.900, покажуваат податоците на Arcane Crypto. Се смета дека Core Scientific продал 80% од биткоините во нивна сопственост.

- Advertisement -

Во исто време, големите рудари на биткоин земаат заеми, при што Marathon Digital зема 100 милиони долари и продава опрема за рударење за да собере дополнителни 58 милиони долари, а Core Scientific оди на договор за купување на обични акции за 100 милиони долари со приватен капитал.

Потрошувачката на енергија и понатаму е еден од главните трошоци, а со оглед на тоа колку пораснаа цените на електричната енергија оваа година, сосема е логична настанатата ситуација на пазарот.

- Advertisement -

Профитабилноста на рударењето, мерена во долари по терахеш по секунда, достигна максимум во 2017 година со 3,39 долари по терахеш по секунда. За споредба, денес е околу 10 центи по терахеш по секунда, додека во 2021 година беше 41 цент.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -