SpaceX го лансираше најголемиот комерцијален сателит во вселената

- Advertisement -

Најсветлата ѕвезда на небото повеќе нема да биде вистинска ѕвезда туку џиновски сателит за интернет со огромна антена, кои зафаќаат површина од 64 квадратни метри. Ќе се користи за обични мобилни телефони кои ќе можат да користат вселенски интернет.

Ракетата SpaceX Falcon 9 во текот на викендот го лансираше сателитот BlueWalker 3, кој е најголемиот комерцијален вселенски сателит, а го направи компанијата AST SpaceMobile од Тексас.

- Advertisement -

Исто така, ова бил најтешкиот товар кој SpaceX го испратил во вселената – BlueWalker 3 тежи 1,500 кг. Илон Маск на Twitter напиша дека ова била една од нивните најсложени мисии.

Но, има нешто што ги загрижува астрономите. Имено, како што сателитот се врти кон Земјата, неговата џиновска антена ќе ја рефлектира сончевата светлина кон Земјата и ќе им попречува на строномските фотографии и научните податоци.

- Advertisement -

Но, BlueWalker 3 е само почетокот. Откако ќе завршат орбиталните тестови со BlueWalker 3, можно е компанијата да испрати над 100 такви сателити во орбитата до крајот на 2024 година. Наречени BlueBirds, оперативните сателити веројатно ќе произведуваат многу повеќе загадување со светлина и пречки во истражувањето на вселената.

Но, комерцијалната предност на овие сателити е тоа што директно ќе се поврзуваат со мобилните телефони, без потреба од кули на Земјата. За разлика од интернет сателитите Starlink, BlueWalker 3 нема да бара од корисниците да поставуваат антени и рутери.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: SpaceX)

Сподели!
- Advertisement -