Нов пакет мерки за бизнисот ќе се објават на 28 септември

- Advertisement -

Мерките веќе се финализираат, а нивна цел е задржување на конкурентноста на фирмите и на работните места

Нов пакет мерки за бизнисот ќе бидат објавени на 28 септември, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, по средбата со министерот за економија Крешник Бектеши, на која присуствуваа и претставници на 10 – те најголеми компании потрошувачи на електрична енергија во земјава.

- Advertisement -

Мерките веќе се финализираат, а нивна цел е задржување на конкурентноста на фирмите и на работните места.

– Соработката со Владата во последните месеци е на највисоко ниво, а суштината е да се помогне таму каде е тоа најпотребно, нагласи Азески.

- Advertisement -

Како што истакна министерот Бектеши, за компаниите ќе се обезбеди доволно електрична енергија, но се прават максимални напори за цената на струјата да биде што порационална.

Сподели!
- Advertisement -