Xiaomi прави одлучни чекори кон реализација на својот проект за електрични автомобили. компанијата вети дека ќе го спреми својот прв електричен автомобил во 2024 година и веќе го претстави својот напреден систем за автономно возење, а сега потврди дека патентирала и технологија за идентификација, односно препознавање на светлата на семафорот.
Користејќи сензори и камери на автомобилите, системот може да собере фотографии од светлата на семафорот, да ја одреди временската секвенца на семафорот и да го аналзиира статусот на возење на возилото, а тоа многу ја зголемува прецизноста и безбедноста на системите за автономно возење.
Освен тоа, Xiaomi се пофали и со патент за автоматизиран систем за возење и методи за управување со уреди, возила и опрема, како и со уште пет други патенти кои се однесуваат на планирање на патувања, чистење камери и предвидување на патување.
Ова е во согласност со претходните извештаи во кои се наведува дека возилото на компанијата влегло во фаза на софтверска интеграција, која треба да заврши до ноември.
(Klix.ba)
(фото: YouTube)