Меѓународната 11-та по ред девелоперска конференција Infobip Shift беше отворена денес во Задар. Се собраа околу 4.000 учесници во живо и околу 10.000 виртуелно, а над 50 предавачи од целиот свет во текот на два дена ќе зборуваат за новите ИКТ трендови, производи и решенија.
Таа конференција се одржува втора година по ред во Задар. Со оглед на бројот на учесници, компании-излагачи, темите на кои ќе се разговара, новите решенија и производи за ИКТ и други индустрии, според организаторите, ова е најголемата девелоперска конференција во Југоисточна Европа.
Организаторот на конференцијата е Infobip, една од најголемите хрватски ИТ компании, воедно и првиот хрватски еднорог. Основачот и косопственик на Infobip, Изабел Јелениќ, на отворањето на конференцијата истакна дека му причинува задоволство што се собрале толку паметни луѓе, ентузијасти, девелопери, инженери, стартапи и други од разни индустрии.
Годинава конференцијата има рекорден број на учесници. Целта на Infobip не била само конференцијата да биде најголема, туку и најдобра конференција во за девелоперите од Хрватска и од светот и да им понуди футуристичко и искуство потребно за нетворкинг, како и можности за договарање соработка и нови бизниси.
Програмата на конференцијата ќе се одвива на 6 бини, а 30-ина компании од целиот свет ќе ги претстават своите решенија и производи. Меѓу нив се претставници на Google, Amazon, Uber, Facebook итн.
(Dnevnik.hr)
(фото: Infobip)