Индија го стопира извозот на ориз

- Advertisement -

Индија, најголемиот светски извозник на ориз, забрани извоз на кршен ориз. Во обид да ги контролира домашните цени, валдата забрани извоз на кршен ориз и воведе данок од 20% на извозот на неколку видови ориз од 9 септември.

Како што велат аналитичарите, ефектите на оваа одлука во Азија ќе бидат различни, а Филипините и Индонезија најмногу ќе бидат погодени од забраната. Индија извезува речиси 40% од глобалната испорака на ориз и извезува во над 150 земји.

- Advertisement -

Извозот од Индија достигнал 21,5 милиони тони во 2021 година. Тоа е повеќе од вкупната испорака на ориз од другите четири најголеми извозници на ориз заедно – Тајланд, Виетнам, Пакистан и САД, пишува Reuters. Но, производството е намалено за 5,6% на годишно ниво од 2 септември поради потпросечниот монсунски дожд, кој влијае на жетвата.

За Индија јули и август се најпресудни месеци за дождот, затоа што тие одредуваат колку ориз ќе биде посеан. Големите индиски држави како што се Западен Бенгал, Бихар и Утар Прадеш сега примаат 30%-40% помалку дожд.

- Advertisement -

Ефектите од забраната на извоз на ориз од Индија ќе ги осетат директно земјите кои увезуваат од Индија, но и индиректно сите увозници на ориз поради тоа што забраната ќе влијае на глобалната цена на оризот.

- Advertisement -

(SEEBiz)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -