Кина развива хибрид од авиоин и хеликоптер – ќе има и крила и пропелери

- Advertisement -

Креаторот на хеликоптерот CAIC Z-10, Ву Ксиминг, откри дека неговата земја развива нов хеликоптер кој ќе има и пропелери и крила. Ву вели дека во развојот на новиот дизајн не е доволно да се копира дизајнот на другите земји, туку мора да биде дизајниран да ги задоволи уникатните кинески барања, вклучувајќи и нова технологија, како и да го следи развојот на целите за идните 20-30 години.

„Кога зборуваме за хеликоптери, не треба да го развиваме она што веќе го имаат другите земји. Наместо тоа, треба да го развиваме она што нам најмногу ни одговара. Новите хеликоптери ќе мора да се интегрираат во кинескиот моментален и иден развој, како и во развојот на технологијата за да можат да ги задоволат плановите за наредните 20-30 години. Мора да направиме прецзни проценки и да ја најдеме нашата позиција“ вели Ву.

- Advertisement -

Тој не ги открива спеицификациите за новиот хеликоптер, но од концептот може да се види дека станува збор за хибрид меѓу хеликоптер и авион. На врвот има два ротори, додека страничните крила имаат пропелери.

Ву и неговите колеги направија план кој се однесува на 40-годишен развој на хеликоптери. Тој е заслужен за напредокот на кинеската хеликоптерска технологија за 20 години како главен дизајнер на моделот Z-10, првиот кинески експлицитно дизајниран јуришен хеликоптер и еден од најмоќните во светот.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -