Истражувачи направија растенија со користење на човечка коса

- Advertisement -

Би јаделе ли растенија направени со човечка коса? Додека ова сигурно ви звучи гадно, нашата коса навистина може да се искористи за производство на растенија. Тоа успеаја да го постигнат истражувачи од Технолошкиот универзитет Нанјанг, кои открија нова техника за користење на таквиот биоотпад како замена за почва.

Професорите Нг Ке Вои и Ху Џиао заедно со седум други истражувачи од Универзитетот Харвард развија одржлива алтернатива како средина за растење на растенија во урбаните средини со користење на кератин собран од косата.

- Advertisement -

Посебен вид на протеин познат како кератин може да се најде во косата, кожата, ноктите, волната од животните и во пердувите. Бидејќи кератинот го има во изобилство, истражувачите забележале дека со одгледувањето домашни животни исто така се добива голема количина кератин како биоотпад.

Тоа им овозможило на истражувачите да одгледуваат растенија без потреба од почва, што се нарекува хидропонско фармерство. Супстрат се користи како структура и место каде што се складираат нутриенти и вода. Хидропонските супстрати се користат во урбаното фармерство за да се развиваат корени кај растенијата и да се апсорбира водата која содржи нутриенти.

- Advertisement -

Истражувачите од Сингапур почнале со собирање коса од фризерски салони и го екстрахирале кератинот од нив со целулозни влакна направени од дрвена пупла за да се зацврсти материјалот. Со оваа комбинација се добила сунѓереста супстанција откако се исушила.

Потоа успеале да одгледаат рукола и кинеско зелје во таа супстанција, која ја искористиле како хистропонска средина за одгледување. Тимот открил дека овој материјал особено бил успешен во впивањето и чувањето на водените хранливи раствори кои го поддржуваат растот на растенијата. Поточно имал способност да држи вода 40 пати повеќе отколку сопствената тежина.

- Advertisement -

(Tech Times)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -