Над 15.000 германски продавници се соочуваат со банкрот поради зголемените трошоци за енергија

- Advertisement -

Ова го објави Spiegel, повикувајќи се на Германското здружение за малопродажба (HDE). Според извештајот, HDE му напиша писмо на вице-канцеларот и министер за економија Роберт Хабек, предупредувајќи дека „експлозивните трошоци за енергија“ го оневозможуваат сè поголемиот број трговци на мало да врзат крај со крај.

Здружението ја нарече ситуацијата „егзистенцијална закана“ и рече дека околу 16.000 компании би можеле да банкротираат оваа година, додека „негативниот тренд“ најверојатно ќе продолжи до 2023 година, пренесува RT.

- Advertisement -

Здружението соопшти дека зголемувањето на трошоците за енергија, кои од почетокот на годинава пораснале во просек за 147 отсто, ги спречува трговците да остварат профит. Уделот на трошоците за електрична енергија во обемот на продажба за трговците на мало веќе достигна речиси три проценти во просек, а многумина во индустријата очекуваат таа бројка да се зголеми на дури пет проценти во 2023 година.

Целиот текст на Денар.мк

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -