Експерти на Гугл во македонските канцеларии на CrazyLabs во Скопје

- Advertisement -

Светски познатата компанија CrazyLabs, која важи за една од топ 3-те најдобри компании за мобилни игри на светско ниво, повторно ги пречека партнерите од американската компанија Google.

15-тина врвни стручњаци од Google ги посетија македонските канцеларии на CrazyLabs во Скопје. Интересно е да се напомене дека Google e веќе 10 години верен партнер на CrazyLabs, кој пак од друга страна е најголемиот клиент на Google, кога станува збор за адвертајзинг во мобилните игри.- Advertisements –

- Advertisement -

Главната цел на посетата на Google беше детално разгледување на сите взаемни процеси и продукти за кои во моментов има силна соработка помеѓу двете компании.

Посетата беше структуирана како повеќедневна хибридна работилница. Eксперти од двете компании дискутираа, презентираа и работеа главно на усовршување на постоечките процеси и продукти, како и детално планирање на идниот развој на нови иновативни технологии.

- Advertisement -

Една од клучните теми на дискусија беше ad monetization на мобилните игри, кои што CrazyLabs ги нуди на светскиот пазар.

За оние на кои не им е познат терминот “ad monetization на мобилни игри”, најлесното објаснување би било – генерирање на паричен прилив од една мобилна игра, преку сервирање дигитален адвертајзинг во истата.

- Advertisement -

За оваа цел CrazyLabs користи продукти на Google, за полесен и попрецизен пристап до глобалниот дигитален адвертајзинг простор.

„Задоволни сме од целосната посета, и посебно среќни што баш македонската канцеларија беше домаќин на оваа средба. Драго ни е што CrazyLabs е најголемиот партнер кој што Google го има денес во мобилната гејминг индустрија.

Се дискутираше на многу теми главно поврзани со продуктите кој ги користиме. Имавме и отворена дискусија за поддршката од Google што ни потребна за тоа што сакаме да го постигнеме следно. Како еден од лидерите во mobile gaming индустријата имаме големи планови за иднината.“- изјави Игор кој е VP ad monetization во CrazyLabs.

Ова е само почеток на многуте средби кои ги очекуваме во CrazyLabs Македонија. Благодарение на CrazyLabs отворена е вратата за Google да продолжи да ги ужива посетите во Македонија.

Сподели!
- Advertisement -