Откриен нов редок систем на крвни групи

- Advertisement -

Научници од NHSBT (NHS Blood and Transplant) и од Универзитетот Бристол откриле нова крвна група и ја нарекле Er. Тимот истражуваел три познати антигени на крвните групи, молекули на површината на крвните зрнца кои може да поттикнат напад на имунолошкиот систем, а кои не се вклопувале во познатите крвни групи.

Тие успеале да докажат генетска позадина на овие три антигени (Era, Erb и Er3), заедно си идентификацијата на два нови антигени (Er4 и Er5). Истражувањето го направила Меѓународната референтна лабораторија за крвни групи (IBGRL) на NHSBT во соработка со експерти од Универзитетот Бристол, заедно со тим од меѓународни соработници.

- Advertisement -

Новооткриените варијации во системите на крвните групи, Er4 и Er5, се многу ретки, но се имплицирани во случаи на хемолитички болести на фетусот и новороденчиња, кога мајчиниот имунолошки систем ја напаѓа крвта на нивното неродено дете.

Најголем дел од луѓето го имаат она што се смета за вообичаена форма на Er, но мал број ретки поединци имаат изменети форми, вклучувајќи ги и новите кои ги иидентификувавме во оваа студија, велат научниците.

- Advertisement -

Откривањето на генетските основи на крвните групи овозможува да се развиваат нови тестови за идентификација на оние со необични крвни групи, со цел најдобра грижа дури и за најретките пациенти. Ова откритие е одговор на над 30 години долга мистерија за крвните групи, но најбитно во истражувањето е тоа што може да се даде одговор на мајките кои трагично ги изгубиле децата поради тоа.

Што повеќе знаеме за ваквите ретки варијации во крвните групи толку подобро ќе можеме во иднина да им обезбедиме грижа на таквите пациенти.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -