Првите тули во светот кои „јадат“ јаглерод диоксид наскоро во продажба

- Advertisement -

Глобалниот пазар за зелени градежни материјали се очекува да надмине 711 милијарди долари до 2030 година затоа што корисниците на бетон кои се загрижени за околината бараат еколошки материјали за да се намали потрошувачката на цемент.

Технолошката компанија CarbiCrete од Монтреал го прави токму тоа – создава алтернатива на бетонот кој апсорбира јагледрод диоксид наместо да гоо испушта во атмосферата.

- Advertisement -

Цементот се користи како врзивен материјал во производството на бетон и е еден од главните извори на СО2 во светот. Во текот на неговото производство калциум-јаглерод-три-оксид калцинира во калциум-оксид на високи температури и олсободува јаглерод диоксид. Освен тоа, за производниот процес е потребна огромна топлина – околу 1.400 степени Целзиусови – која честпати се генерира со користење фосилни горива.

Carbicrete сака да го смени сето тоа со комерцијализација на процес со кој се чисти јаглерод диоксидот од воздухот наместо да се загадува. Патентираната технологија користи индустриски нуспроизводи и веќе заловен СО2. Новата технологија може да се имплементира во постојните фабрики за бетон затоа што целиот процес е идентичен со сегашниот, со две главни разлики.

- Advertisement -

Едната е дека струготини од челик, кои се нуспроизвод при производството на производи од челик, го заменуваат цементот како врзивен елемент. Бетонот се пече со користење CO2 наместо топлина и пареа, а сето тоа се случува во посебна комора. Во текот на целиот процес CO2 трајно се заловува и се прпедвора во стабилни калциумови карбонати. Таа мешавина потоа се тура во традиционалнна машина за правење тули. Таквиот бетон ја достигнува максималната цврстина за околу 24 часа. Тулите направени од таков бетон се 30% поцврсти отколку традицоналните.

Се очекува во наредните неколку недели да почне комерцијалното производство.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

Сподели!
- Advertisement -