Откако пробаа како изгледа да работат од дома и хибридниот начин на работа, многумина повеќе не сакаат да се вратат на старо кога мораа да седат на работа најмалку осум часа и да патуваат до и од работа по неколку часа. Наместо да губат време на спремање и патување, односно да возат со автомобил, кога работат од дома може да спијат до подоцна, малку повеќе да се посветат на себеси и да бидат под помалку стрес.
Но, она што е добро за многумина кои можат да ја искористат таа можност за други значи крај на нивните работни места. Тоа е случај со некои од вработените во Meta, односно Facebook. Дел од вработените таму цело време работат од дома, дел пола работно време се во канцеларија, а самиот Марк Цукерберг ужива на Хаваи додека работи..
Со оглед на тоа дека сега многу малку луѓе патуваат до работа и не се користат канцелариите, сега има многу помала потреба за некои работни места како што се возачите на автобуси и домарите.
Тие се вработени преку партнерски компании, но својата работа ја вршат во Metа. Сега стотина од нив, во зависност од конечната одлука, наредниот месец ќе добијат отказ бидејќи повеќе нема потреба за нивните услуги.
(Business Insider)
(фото: Flickr)