Публицис групацијата ја лансираше платформата Marcel AI, нова ера во креативноста и иновациите. 

- Advertisement -

Marcel  ќе ја забрза трансформацијата на Публицис групацијата од холдинг компанија во деловна платформа од 80,000 вработени

 

  Публицис групацијата денес и официјално ја лансираше платформата Marcel – именувана според основачот на Публицис Marcel Bleustein-Blanchet –  иновација која базира на можностите на вештачката интелигенција  AI, и која ќе ја забрза трансформацијата на Публицис групацијата од холдинг компанија во деловна платформа, која ќе ги отстрани границите,  олеснувајќи ја соработката на 80.000 вработени ширум светот,  и воведувајќи нова ера во креативноста и иновациите.

- Advertisement -

На официјалната промоција на саемот Viva Technology во Париз, Артур Садоун, претседател на управниот одбор и извршен директор на Публицис групацијата, изјави:

“Во јуни минатата година Публицис групацијата го најави креирањето на платформата Marcel, со цел да поврзе 80,000 вработени, очекувајќи радикално да се промени начинот на кој тимовите и клиентите на групацијата ќе се поврзуваат, ќе комуницираат и ќе работат заедно. Оттогаш, нашата индустрија помина низ невидени предизвици, покажувајќи дека постепените промени не се решение. Потребата за реинвенција е посилна од било кога. Во Публицис групацијата, не чекавме да дејствуваме. Ние го прекршивме јазот помеѓу податоците, креативноста и технологијата. Ги уништивме нашите силоси преку Power of One. Денес, ние со Marcel ги кршиме бариерите меѓу талентот и можностите. Marcel е патување кое треба да ја пренесе Публицис групацијата од холдинг-компанија во платформа, и да им овозможи на креативните умови слобода да напредуваат во оваа постојано менлива индустрија.Marcel е доказ за нашата посветеност кон нашите вработени. Во Publicis, ние ги ставиме вработените во преден план, овозможувајќи да учат, да споделуваат и да создаваат повеќе од каде било.

- Advertisement -

Marcel е доказ за нашата посветеност кон нашите клиенти. Тие ќе можат да ги искористат нашите неверојатни разновидни таленти за да ги оживеат идеите што им се потребни за да го развијат својот бизнис. И, се разбира, Marcel е доказ за нашата посветеност кон нашата индустрија. Ние ќе бидеме силата која ќе носи позитивни промени. Одлуката за поврзување на развојот на Марсел со нашата едногодишна пауза на учество на фестивали беше контроверзна, но неопходна. Со тоа покажавме решеност да направиме промени во нашата индустријата,  која веќе 40 години се бори со промените. Затоа, им благодарам на нашите луѓе, на нашите клиенти и на нашите партнери од индустријата, на фестивали низ целиот свет за нивната поддршка и солидарност во овој период, кој ќе заврши во јули 2018 година.И, последно, но не и помалку важно, би сакал да им се заблагодарам на сите во Publicis Groupe кои, директно и индиректно, придонесоа за идејата и продукцијата на Marcel. Marcel е моќта на сите нас, работиме како еден, а ние веќе почнавме да го докажуваме тоа.”

Сподели!
- Advertisement -