SONY BRAVIA XR OLED A83K – перфектна хамонија на слика и звук

- Advertisement -

Телевизор кој најблиску ја доловува реалноста околу нас. Тоа беше целта која го предизвика развојот на телевизорите BRAVIA XR™ – надградени со сосема новиот Когнитивен процесор XR™, дизајнирани да го реплицираат начинот на кој мислиме и реагираме.

Уживањето во исклучително чист црн контраст на слики полни со длабочина и детали е благодарение на XR OLED Contrast Pro кој ги подобрува боите и контрастот во светлите површини за да создаде извонредно реални слики дефинирани со апсолутно црни тонови и максимална светлина.

- Advertisement -

XR Triluminos Pro му овозможува на A83K да прикаже повеќе од милијарда бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики. Заедно со нашиот екран со широка палета на бои и интелигентен процесор, ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали.

Обработката на предметите со XR HDR Remaster нуди потполно ново ниво на прецизност преку дополнително прилагодување на нијансите, заситувањето, светлината, векторот на движење, фреквентниот опсег и многу повеќе. Како резултат добивате извонредно реални сцени со поголема длабочина, реални текстури и природни бои.

- Advertisement -

Со XR OLED Motion и когнитивниот процесор XR™ нема повеќе матна слика. Процесорот вметнува дополнителни слики помеѓу оригиналните за да добиете јасни и остри движења, дури и во најдинамичните сцени.

XR Smoothing создава јасни и природни 4K-слики во реално време, без „појава на ленти“ како кај другите телевизори. Сцените се репродуцираат со илјадници тонови, нијанси и градации, поради што изгледаат многу реално.

- Advertisement -

Звукот излегува директно од екранот со Acoustic Surface Audio+™. Трите механизми вибрираат за да создадат акустика усогласена со сликата. Двата странични механизми го подобруваат и високофреквентниот звук за јасен и природен дијалог. Левиот и десниот сабвуфер го засилуваат басот за да добиете врвен звук во домот.

Кај стандардните телевизори светлината не се менува независно од светлината во собата, што резултира со премногу темни или светли слики. Овој телевизор има вграден сензор за осветленост што ја оптимизира светлината на сликата според условите во собата, односно ја зголемува во светли соби и ја намалува во темни соби, за да добиете совршена слика.

Гледањето на телевизија никогаш не било пореално. Доживејте ја иднината преку ова уникатно искуство на перфектна хармонија и звук од удобноста на Вашиот дом.

Сподели!
- Advertisement -