Иновации во дигиталните банкарски услуги – тренд или потреба?

- Advertisement -

Современите корисници на банкарски услуги сè повеќе користат дигитални технологии. Интернет банкарството стана стандард во земјите од Европската унија, додека употребата на физичка готовина опаѓа. Истражувањето на SeeNews, агенција за пазарно истражување во Југоисточна Европа (ЈИЕ), покажа дека секоја година повеќе од половина милион нови клиенти почнуваат да бараат нови дигитални понуди од нивната банка. Во 2021 година, 87-те најголеми банки од ЈИЕ потрошија приближно 700 милиони евра на ИТ, со зголемен удел на инвестиции во нови дигитални услуги.

Дигиталната трансформација на банкарската индустрија покрај интернет банкарството, подразбира и високо ниво на автоматизација на сите банкарски процеси и воведување услуги и производи базирани на новите технологии. Токму затоа се смета дека банките кои на најдобар можен начин ги применуваат современите дигитални трендови ќе заземат, или ќе ја одржат лидерска позиција на пазарот, односно побрзо ќе ја добијат довербата и лојалноста на современите корисници на банкарски услуги.

- Advertisement -

Најдобар доказ за ова е Халкбанк АД Скопје која, меѓу другото, токму со водење грижа за новите технологии, нивна примена во своето работење и креирање слуги базирани на нив успеа за само една деценија да стане една од петте најголеми банки во земјава и силен бренд со константно зголемување на корисничката база. Халкбанк денес е лидер во понуда на персонализирани банкарски услуги, како и во воведување нови технологии и обезбедување брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали.

Халкбанк е пионер на пазарот во имплементирање на услугата електронско банкарство и е Банка што прва на пазарот ги лансираше Mastercard PayPass картичките за бесконтактно плакање.

- Advertisement -

Благодарение на Банката, домашниот пазар за првпат се запозна со NFC и Contactless технологијата која овозможува бесконтакно и брзо плаќање со Contactless картички која сега станува особено популарна и се движи со забрзан интензитет. Исто така, Халкбанк прва на пазарот ја воведе PCI DSS сертификацијата за поголема сигурност на банкарските трансакции. Халкбанк постојано ги надградува и своите ПОС терминали и АТМ-и каде е овозможена и опцијата за депонирање средства на својата сметка. За првпат Банката понуди бонус програма за кредитните картички, како и  опцијата „Smart Cash“ за повлекување готовина од автомат без користење картичка. Од иновативни производи би ги издвоиле и апликациите HalkPay со која мобилниот телефон станува паричник или GarminPay, со која може едноставно и брзо да се плаќа со Garmin часовник.

Халкбанк е прва банка која има креирано онлајн депозитен и кредитен производ, со кои на едноставен начин, во неколку чекори клиентот може да креира депозит од компјутер или мобилен телефон, или може да добие дополнителни средства на својата сметка користејќи го онлајн кредитот преку своето мобилно или ектронско банкарство, а без физичка посета на банка.

- Advertisement -

Удобноста, достапноста, ефикасноста и брзината при користењето на електронските и мобилните платформи се самите по себе доволни показатели дека дигиталното банкарство е иднина во банкарското работење.

Сподели!
- Advertisement -