Microsoft и Nvidia заедно ќе развиваат еден од најмоќните суперкомпјутери во светот

- Advertisement -

Во светот има мал број суперкомпјутери, кои најчесто се сместени длабоко под земја и се наменети за научни и технички истражувања или пак, за изнајмување на компании на кои им се потребни на краток период. Развојот и изградбата на еден суперкомпјутер е многу скап и долготраен процес, па затоа ретко кој се одлучува на таков потег.

Меѓутоа, два технолошки гиганти сега објавија дека договориле повеќегодишна соработка за изградба на еден од најмоќните суперкомпјутери во светот кои работат со вештачка интелигенција. Како што појаснуваат од Nvidiа, соработката со Microsoft ќе им овозможи користење на скалабилни инстанци од виртуелна машина за забрзување на напредокот во развојот на генеративни AI модели, како што е DALL-E.

- Advertisement -

Тие планираат нивниот заеднички суперкомпјутер да биде толку моќен што ќе може да огромно работно оптоварување потребно за тренирање или скалирање на вештачка интелигенција.

Копјутерот ќе биде базиран на облакот на Microsoft, Azure, а ќе користи десетици илјади моќни GPU H100 на Nvidiа и A100 податочен центар и неговата мрежна платформа Quantum-2 InfiniBand.

- Advertisement -

Од Nvidiа велат дека компанијата од платформата Microsoft Azure и GPU на Nvidiа ќе им овозможи на компаниите да обучуваат, да имплементираат и да скалираат вештачка интелигенција без оглед на нивната величина. Освен тоа, најавена е соработка и на развојот на програмата за оптимизација на длабонско учење DeepSpeed на Microsoft.

Во заедничка објава компаниите открија дека идниот суперкомпјутер би можел да се користи за истражување и понатамошно забрзување на напредокот во генеративна вештачка интелигенција, вид на вештачка интелигенција која користи алгоритми за самоучење за создавање на различни содржини, како што се текст, кодови, дигитални слики, видео и аудио.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -