Денеска во Скопје се одржува вториот Социо-еколошки форум на високо ниво

- Advertisement -

По успешното инаугурирање минатата година, денеска (вторник, 22 ноември 2022 год.) во Скопје ќе се одржи вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Форумот ќе овозможи простор за дебата и дискусија во однос на енергетските политики на земјите од Западниот Балкан и Европската Унија. Предизвиците во поглед на животната средина, зелената агенда, промовирањето на социјалната кохезија преку инвестиции во вработување, квалитетно и инклузивно образование и висококвалитетни услуги за социјална инклузија и заштита, ќе бидат високо на агендата на вториот по ред Социо-еколошки форум. Предвидено е учество на високи претставници од Европа и регионот, од граѓанскиот сектор, експерти на темата, младински лидери, активисти и новинари. Потврдено учество имаат Мартин Шулц, претседател на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и поранешен претседател на Европскиот Парламент, премиерот на Косово Албин Крути, поранешната министерка за надворешни работи на Шведска – Ан Линде, премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски и други политичари и експерти од земјата, регионот и ЕУ.

- Advertisement -

Социо-еколошкиот форум Скопје е платформа за размена на прогресивни идеи, која што им овозможува на високите претставници и носители на одлуки од регионот на Западен Балкан и ЕУ да разговараат за потребите и можностите за социјално-праведна енергетска трансформација, којашто ќе ја зајакне сигурноста на земјите во снабдувањето со енергија, ќе овозможи одржлив развој на економиите и ќе стави крај на ограничениот пристап и сите предизвици што ги носи употребата на фосилните горива, особено видливи во регионот.

Потребата за одржливи иинклузивни решенија за социјална и еколошка трансформација на земјите од регионот на Западен Балкан, учеството на носители на одлуки и експерти од областа, се дополнителен аргумент да се биде дел од вториот Социо-еколошки форум Скопје.

- Advertisement -

Потврдени прес-конференции и изјави за медиуми

Во 11 часот, во прес-корнерот се предвидени прес-конференции за заинтересираните медиуми на следните учесници на Форумот:

- Advertisement -

·       Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија

·       Албин Курти, премиер на Република Косово

·       Мартин Шулц, претседател на Фондација Фридрих Еберт и поранешен претседател на Европскиот Парламент

·       Ан Линде, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска

Сподели!
- Advertisement -