ВИДЕО: Невидливи звучници за автомобили

- Advertisement -

LG Display направи тенки, плоснати автомобилски звучници, кои овозможуваат уивање во квалитетен звук кој доаѓа од мали вибрирачки рамни плочи.

„Ги трансформиравме големите и тешки звучници во висококвалитетно практично невидливо звучно решение со користење на нашата врвна технологија за да го подигнеме просторот, дизајнот и еколошките особини и да обезбедиме звучно искуство на ново, повисоко ниво како никогаш порано“ велат од LG Display.

- Advertisement -

Димензиите на плочите се 150 x 90 мм, а се направени во соработка со глобална аудио компанија. Дебели се само 2,5 мм, а тешки само 4 грама. Тоа значи дека овие звучници се 90% потенки и 70% полесни од традиционалните звучници кои моментално репродуцираат звуци од системите за забава во автомобилите.

Од LG велат дека ова решение овозможува вградување на звучниците во контролната табла на автомобилите, во облогата на внатрешноста или во потпирачите за глава за да се осигура квалитетен звук во целата внатрешност. Освен тоа, овие звучници не содржат ретки метали.

- Advertisement -

LG Display планира да ја комерцијализира технологијата во првата половина од 2023 година и ќе има демонстрација на новите звучници на сае,мот за електроника CES 2023 во јануари.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -