ВИДЕО: Првите паметни лизгалки во светот тренираат хокејари

- Advertisement -

Канадската компанија Scorched Ice направи сензорски уреди за лизгалки кои се дизајнирани со помош на професионални хокејари како шро се Марк Месие, Кејски Кембел- Паскал и Мајк Роџерс. Во секој комплет има по два водоотпорни сензори кои може да се закачат по еден на секоја лизгалка. Во нив има жироскоп, акцелерометар, сензор за температура, сензор за притисокот на воздухот, Wi-Fi антена, Bluetooth антена и батерија која се полни.

Оваа електроника континуирани ги следи и ги бележи движењата на лизгачите, свиткувањето на прстите, триењето на работи и забрзувањето за секое стапало, а потоа необработените податоци ги испраќа на онлајн платформа, како што можете да видите од видеото.

- Advertisement -

Таа платформа потоа ги анализира тие информации со помош на алгоритам базиран на машинско учење. За 1-3 часа, во зависност од брзината на интеренетот, обработените податоци се испраќаат до спарен паметен телефон. Информациите се поделени на пет клучни метрики: интензитет, број на чекори, динамика на движење, снага и активност.

Играчите и нивните тренери потоа можат тие повратни информации да ги искористат за да видат на кое поле е потребно подобрување и за да се следи нивниот напредок со тек на време.

- Advertisement -

Ако Scorched Ice стигне во малопродажба, еден сен ќе ве чини околу 375 долари, во што е вклучена и една година бесплатна обработка на податоци.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -